|
ВОВЕД
Ако е добро, тогаш треба да трае. Традицијата се гради чекор по чекор, скалило по скалило, а ние се наоѓаме токму пред искачување на нашето скромно второ скалило во градењето на чоколадна традиција. Интересот кој го предизвикавме кај јавноста, како и успехот во реализација и организација на првата хуманитарна аукција на чоколадо кај нас, не охрабри и оваа година да ја организираме оваа единствена и оригинална манифестација.
Овогодинешната аукција на чоколадо планираме да се одржи на 5 декември, во фоајето на Македонската опера и балет каде гостите ќе можат да уживаат во вечер на која ќе се слават вкусовите и убавината на живеење, а при тоа ќе можат да ја искажат и својата хуманост наддавајќи се за слатките, магични експонати кои ќе бидат понудени оваа година на аукцијата. Поинаква, единствена, различна и интересна се епитетите кои би требало да ги понесе овогодинешната манифестација, а единствен начин да го откриете тоа е да бидете со нас на 5 декември.
И оваа година сите собрани средства од продажбата на експонатите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, а корисник ќе биде Заводот за физикална медицина и рехабилитација од Скопје. Оваа болница секојдневно работи со деца кои имаат проблеми и потешкотии во развојот, било да се работи за деца со церебрална парализа, сколиоза, постоперативни третмани и др. Изграден во 50-тите години од минатиот век, а саниран по земјотресот во 1963 г., Заводот и неговиот персонал неуморно функционираат работејќи и во две смени, за на своите пациенти им ја укажат неопходнара помош во подобрувањето на квалитетот на живеењето. Нашата цел и мисија, во зависност од собраните средства, е целосно да реновираме и опремиме две простории наменети за рехабилитација на бебиња до 24 месеци и поголеми деца.
Катерина Златановска Попова |
Одбројување до
следната аукција
000
дена 00:00:00 |