Види аукција 2009


 

За ПОЗИТИВО

Здружението на граѓани ПОЗИТИВО е непрофитна, невладина организација во која членуваат околу 50-тина волонтери, експерти во разни области како што се образованието, бизнисот, комуникациите и односите со јавност, компјутерската технологија, готвењето, уметноста и сл. но воедно посветени на желбата да помогнат на другите во рамките на своите способности и можности.

Цели и задачи на организацијата:
Здружението има за цел да обезбедува помош на лица и институции во вид на донации, парични средства или производи Исто така една од главните цели е и организирање на едукативни работилници за деца и млади во областа на етиката, убавото однесување и толеранцијата. Поддршка на други хуманитарни акции и кампањи и активно учество на членовите на здружението во кампањи за подигнување на свеста на јавноста за одредено прашање.

Програма за работа на здружението:
Програмата за работа на здружението предвидува месечни, периодични, и годишни активности. Во месечните активности се предвидени организирање на едукативни работилници за деца и млади, собирање на донации во вид на производи за загрозени семејства и болни и стари лица.

Периодичните активности опфаќаат организација на одредени хуманитарни проекти од типот на концерти, аукции, претстави и сл. Овие активности се предвидува да се организираат два до три пати во годината при што собраните средства ќе бидат наменети за помош и поддршка на однапред предвидени корисници како на пример болници, училишта, градинки, домови за стари лица и сл.

Годишните активности предвидуваат подолготрајни проекти кои имаат за цел да ја подигнат свеста на јавноста за одредено прашање или проблематика. Здружението е отворено за сите кои сметаат дека можат и сакаат да одвојат дел од своето скапоцено време и знаење за помош и поддршка на други лица, ранливи групи и организации.

Во текот на своето едногодишно постоење ПОЗИТИВО реализираше неколку проекти за помош на заедницата меѓу кои и првата хуманитарна аукција на чоколадо, која се одржа во декември минатата година, а собраните 300.000 денари од самата аукција заедно со директните донации на други донатори во вредност од околу 180.000 денари беа донирани во форма на апарати и материјални добра во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.


Здружение на граѓани
ПОЗИТИВО
жиро с-ка: 210 - 0653832001 - 47
НЛБ Тутунска банка